/ Прочитано:

4.216

Предложени измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање

Група пратеници во Собранието на РМ предлагаат измени и дополнувања на Законот за просторно и урбанистичко планирање. Целта на овој Предлог-закон е ефикасно спроведување и транспарентност на постапката за донесување на плановите уредени во овој закон, и тој се заснова на истите начела и принципи врз кои се заснова и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за просторно и урбанистичко планирање ќе се овозможи негово допрецизирање со потребни одредби, кои ќе овозможат негова подобра примена на начин што ќе се овозможи поголема достапност и увид во плановите од страна на заинтересираните страни, а со тоа и поголема транспарентност во постапките за донесување на плановите.

Законското објаснување на содржина на одредбите на Предлог-законот

„Со членот 1 од Предлог законот, со кој се дополнува членот 14 став (3) од Законот за просторно и урбанистичко планирање и во кој се пропишува регулацискиот план на генерален урбанистички план, се врши дополнување и прецизирање на истиот.

Со членот 2 од Предлог законот кој се однесува на членот 26 од Законот и во кој се уредува планската програма за изработување на урбанистичките планови и регулациските планови на генерален урбанистички план и урбанистичко-планските документации и на поднесување на барање за одобрување на планската програма, ставот 1 се менува и се предлага решение да со планската програма се утврди предлог границата на планскиот опфат и наменската употреба на земјиштето во планскиот опфат.

Со ставот 6 од истиот член на Предлог законот со кој е менува ставот 6 од Законот, се предлага одобрувањето на планската програма заверена од изработувачите, заедно со предлогот за одобрување или неприфаќање од комисијата за урбанизам и потврда за заверка од градоначалникот на општината, градоначалникот на општината во градот Скопје односно од министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, кога се одобрува, да се доставува во информацискиот систем е-урбанизам.

Ставот 7 од истиот член се брише, со оглед дека со ново предложениот став 6 се регулира истото прашање.

Со член 3, 4 и 6 од Предлог законот со кој се опфатени членовите 33, 34 и 38 од Законот, се зголемуваат роковите на постапување.

Со членот 5 од Предлог законот со кој се менува членот 35 од Законот, а кој го уредува прашањето на јавната презентација и јавната анкета што се спроведува по предлог на детален урбанистички план, на предлог на урбанистички план за село и на предлог на урбанистички план за вон населено место, по добивање на стручно мислење на предлогот на план, во ставот 8 се зголемуваат роковите за јавната анкета при што се овозможува подолго времетраење на јавната анкета, поголема достапност и увид во плановите од страна на заинтересираните страни, а со тоа и поголема транспарентност. Во ставот 11 и 14 се зголемува рокот за подготовка на извештајот и конечниот предлог на урбанистичкиот план.

Во членовите 7, 10 и 13 на овој Предлог на закон се врши усогласување со предложената одредба во новиот член 83-а.

Со членот 8 од Предлог законот кој се однесува на членот 52 од Законот каде е уредено прашањето на проектот за инфраструктура, во ставот 1 од Предлог законот, како и со ставовите 4 и 10 кои се менуваат, се врши нивно допрецизирање во однос на видовите линиски инфраструктурни објекти.

Со членот 9 од Предлог законот кој се однесува на членот 53 од Законот каде е уредено прашањето за изводот од плановите, со ново предложениот став 10 од Предлог законот, се допрецизира целиот член и ги опфаќа одобрените урбанистички проекти и одобрените проекти за инфраструктура за кои не се издава извод.

Со членот 11 од Предлог законот кој се однесува на членот 72 од Законот каде е уредено прашањето за уредување на просторот за градби со намена домување во станбени куќи процентот на изграденост на градежната парцела и висината на градбата, со Предлог законот ставот 1 се брише со оглед дека е материја која се регулира со подзаконски акт, а ставот 2 се менува.

Со членот 12 од Предлог законот се додава нов член 83-а со кој се предлага носење на општ акт.

Со членот 14 се предлага нова преодна и завршна одредба со која се опфаќаат урбанистичките планови и урбанистичко-планските документации кои не се предвидени со членот 119 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Со членот 15 од Предлог законот се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Со членот 16 се уредува влегувањето во примена на законот.“

М.В