/ Прочитано:

444

Предложени измени на Законот за Собранието

Група пратеници предложија измени на Законот за Собранието на Република Македонија.

„Со предложените решенија во Законот се оценува дека ќе се постигне делумна административна самостојност на Службата на Собранието што ќе се изразипреку воспоставување на интерни/внатрешни постапки за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Годишниот план за вработување на кој согласност ќе дава Буџетскиот совет на Собранието и поединечните финасиски согласности за нови вработувања за кои согласност ќе дава претседателот на Собранието.

Овие измени не значат нарушување на конзистентноста на принципите на професионална администрација и систем на заслуги, како и другите принципи што се изразува преку предложената одредба дека освен за одредени прашања за кои се добива делумна самостојност, за сите останати прашања остануваат да важат одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници ­­­и прописите за работните односи.

Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија ќе се создаде законски основ за независна, професионална и ефикасна собраниска служба заснована врз начело на законитост,начело на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност,начело на стручност и компетентност,начело на управување со ефектот на вработените,начело на сервисна ориентираност,начело на професионална етика, непристрасност и објективност, начело на одговорност,начело на спречување судир на интереси иначело на економично користење на средства“, се вели во законското образложение.

М.В