/ Прочитано:

828

Предложени измени на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, по скратена постапка. Законот е предложен со европско знаменце.

„Со Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, по скратена постапка се уредуваат начинот и условите за издавање и одземање на одобрение и лиценца за вршење на работи на застапување пред царинските органи заради спроведување на дејствија и формалности пропишани со царинските прописи, за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, составот и мандатот на Комисијата за полагање на стручен испит, видот на надоместоците кои се плаќаат и видот на евиденциите кои се водат согласно овој закон, и начинот на кој се спроведува контролата над работата на овластените царински застапници и лиценцираните застапници.

Со предложените изменувања на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки се врши усогласување со процесот на дигитализација на процесите поврзани со постапките утврдени со закон“, се вели во законското образложение.

М.В