/ Прочитано:

672

Предложени измени на Законот за здравственото осигурување

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за здравственото осигурување.

„Законот за здравственото осигурување ги уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување. Со предложените измени и дополнувања на Законот за здравственото осигурување се предлага усогласување на Законот за здравственото осигурување со новиот Модел за проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец. Воедно се прават терминилошки усогласувања на поимот дете со пречки во развојот и со специфични потреби, со измените кои се прават во Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.

Понатаму, се врши терминолошко усогласување на изразот „деца со пречки во развојот и со специфични потреби“ со изразот кој се користи во прописите од социјална заштита за оваа категорија на лица, а тоа е деца со попреченост“, се вели во образложението.

М.В