/ Прочитано:

2.944

Предложени нови мерки во пресрет на празниците: забрана за групирање по плоштади и угостителските објекти да затвораат во 18:00 часот

Министерот Венко Филипче објави дека Комисијата препорачува нови мерки во пресрет на празниците. Нашите препораки, вели Филипче, кои ќе ѝ ги предложиме на Владата за периодот од 18 декември до 21 јануари се:

-Угостителските објекти да се затвораат во 18:00 часот, наместо во 21:00 часот, како што беше досега;

-Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;

-Во претстојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;

-Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за претстојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови. На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21:00 часот;

-На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

М.В