Предложени законски измени за зголемување на бројот на членови во Државната комисија за одлучување во управна постапка
Група пратеници поднесоа измени на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен се менува насловот на Законот во Закон за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка.
За подобра и поефикасна работа на Државната комисија, се зголемува бројот на членови од десет на шеснаесет, како и условите за избор на претседателот и членовите на Државната комисија. За нивната надлежност Комисијата да решава по жалби против акти донесени во управна постапка во прв степен од страна на јавните органи се утврдува со посебните закони“, образложуваат пратениците.
М.В