/ Прочитано:

2.526

Предложените законски измени за административните службеници на собраниска седница

Предложените измени на Законот за административни службеници се на дневен ред на денешната собраниска седница.

Предложеното законско решение се наметна од обврската за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

„Со Предлог-законот се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на постапките за унапредување, чија  цел е кариерно напредување на административните службеници, односно преминување од пониски на повисоки работни места, како и за помошно-стручните административни службеници, кои согласно постојниот закон немаа законска можност за вреднување на степенот на образование во основната компонента на плата – дел на плата за степен на образование, им се дава можност со предложеното законско решение да  го остварат, како и можноста истите  да се  распределат на работно место помлад соработник“, се вели во законското образложение.

Законското објаснување на предложените измени:

„Со членот 6 се допрецизира одредбата од членот 48 став (5)  од законот со која на интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација ако е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван, да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас, да поминал најмалку две години на исто ниво како и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Со членот 8 се уредува преодна одредба и можност за помошно стручните административни службеници  кои до денот на влегување во сила на овој закон  се  стекнале со стручни квалификации за повисоко ниво на работно место, да можат до секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар во рок од три месеци од денот  на  влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање за обезбедување вреднување на соодветниот степен на образование во основната компонента на плата – дел на плата за степен на образование.

Секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар има  обврска најдоцна во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон да обезбеди средства во основната компонента на плата – дел на плата за степен на образование за администритивните службеници кои го исполнуваат условот и поднеле барање.

Со членот 9 уредено е дека административниот службеник кој е на работно место од категоријата на помошно – стручни административни службеници а кој ги исполнува посебните услови од член 25 став (2) од овој закон, на негово барање може да се распоредува на работно место помлад соработник доколку тоа работно место е утврдено во актот за систематизација на работните места и не е пополнето.

Со членот 10 се овластува Законодавно – правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија да утврди пречистен текст на Законот за административни службеници.“

Годишна конференција на РеСПА за реформа на јавната администрација

МИОА за водењето евиденција на бројот на вработени во институциите

УПОЗ бара нивните забелешки да се преточат во законските измени за административните службеници

На јавна расправа презентирани законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Јавна дискусија за законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Советот за реформа во јавната администрација: Активностите за реформи се континуирани

Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватниот сектор

ИЗМЕНИ НА ЗОУП: Висок процент на јавни органи кои поради недостиг на правници не определуваат овластени лица

Конференција за реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет

Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Презентиран Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022

Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата

Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија

Консултативен процес на МИОА за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Јавна расправа за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација

Јавна расправа за Законот за висока раководна служба

М.В