/ Прочитано:

546

Предложено дополнување на Законот за Јавното обвинителство во врска со годишните извештаи

Група пратеници предложи дополнување на Законот за јавното обвинителство. Со ова дополнување на Предлог законот за Јавното обвинителство се прецизира рокот во кој треба да се поднесе годишниот извештај за работата на сите јавни обвинителства. Во постоечкиот закон, се вели во законското образложение, не е прецизиран рок за доставување на  годишниот извештај  заради разгледување до Собранието на Република Северна Македонија, па од таа причина потребно е прецизирање на рокот.

Цениме дека предожените решенија ќе бидат применливи во пракса имајки ги во предвид досегашните искуства за доцното доставување и непримена на препораките од пратениците дадени за извештајната година, се вели во законското образложение.

М.В