/ Прочитано:

2.856

Предлози на Адвокатската комора за измени на Законот за парничната постапка

По внимателно разгледување на сите предлози за измена и дополнување на Законот за парничната постапка доставени од адвокатите до Комората, на 16.1.2020 година Адвокатската комора на РСМ достави предлози за измена и дополнување на Законот за парничната постапка до работната група за изготвување на Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за парничната постапка при Министерството за правда на РСМ, известуваат од Адвокатската комора.

„Предлозите за измена и дополнување на ЗПП произлегуваат од процесната положба на адвокатите како застапници на странките, дефинирана во важечкиот закон. Во согласност со забелешките добиени од адвокатите, Адвокатската Комора на РСМ нагласува дека недвојбено во огромен дел од забелешките, адвокатите се согласни дека нивната процесна положба во важечкото законско решение е крајно неповолна бидејќи тие се ставени во позиција да трпат (а со тоа и нивните странки) исклучително неповолни последици, како на пример отфрлање на поднесоци поради технички пропусти, повлекување на тужба поради неприсуство на рочиште како тужител, судење во неразумен рок, проблеми со информацискиот систем на судот, енормно високи трошоци за странката пред поднесување на тужба, пред сѐ, поради обврската за изведување на доказ со вештачење, неразумно долги постапки по предмети по правни лекови, што сето заедно значително влијае на улогата и угледот на адвокатурата во нашиот правосуден систем, а со тоа и на правната сигурност на физичките и правните лица во постапките пред судовите кога тие се застапувани од адвокат, како и на достапноста на правдата за лицата со помала финансиска моќ. Во таа насока, сметаме дека предлозите што ги даваме за измени и дополнувања на ЗПП ќе придонесат за надминување на воочените слабости и за соодветна поставеност на адвокатите во постапката, како и постапка која ќе овозможи преку совесно и квалитетно извршување на адвокатската работа целосна правна сигурност на странките – правните и физичките лица во постапките и достапност на правдата за сите“, соопштуваат од Комората.

>>>Предлози за измена на ЗПП

М.В