/ Прочитано:

1.347

Прекршочни казни од по 50 евра за Пировска и за Најчевска поради фрлање боја

Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет и професорката Мирјана Најчевска, исто како и професорот Гордан Калајџиев, се казнети со казна од 50 евра или со општокорисна работа.

Порта Македонија обоена од протести

На двајца учесници во движењето Протестирам и во Шарената револуција, кои протестираат од донесувањето на одлуката за аболиција од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска им беа изречени прекршочни казни за прекршок на Законот за јавна чистота поради фрлањето боја на објекти за време на протестите.

Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет и професорката Мирјана Најчевска, исто како и професорот Гордан Калајџиев, се казнети со казна од 50 евра или со општокорисна работа.

Пировска, по информативниот разговор во полициска станица „Центар“, изјави дека признала дека фрлила боја, но дека не се чувствува виновна.

„Сметам дека тоа е мое легитимно право како граѓанин на оваа држава да го изразам револтот за она што ни се случува во државата и за политиките на оваа криминална власт“, изјави Пировска.

Таа одбила да го потпише платниот налог.

Професорката Најчевска, пак, која го бојкотираше распитот и испрати само адвокат во станицата, рече дека ќе продолжи да учествува во Шарената револуција и дека ќе бара авторизација на нејзиното боење на спомениците и зградите бидејќи тоа го смета како разубавување на објектите.

„Немам намера да платам, ниту да служам каков било општокорисен труд. Можеби Претседателот ќе ме помилува за ова дело“, изјави Најчевска.

Одбраната на други две демонстрантки, исто така повикани на информативен разговор, адвокатот Звонко Давидовиќ, вели дека не им биле дадени фотографиите на кои се гледа како тие фрлаат боја бидејќи тие не можеле да бидат користени како доказ.

„Наредба за посебни истражни мерки за вакви дела нема, а тоа што го снима полицијата не е валиден доказ затоа што тоа не е овластено снимање“, изјави Давидовиќ.

Тој најавија дека ќе поднесат кривични пријави за злоупотреба на службената положба против министерот за внатрешни работи,  против директорот на Бирото за јавна безбедност и против командирот на полициската станица, доколку ваквите фотографии бидат употребени како доказ.

Професорот Калајџиев казнет со 50 евра поради прекршок од Законот за јавна чистота