/ Прочитано:

1.388

Преку унапредување на арбитражното право до подобро деловно опкружување 

Со унапредувањето на арбитражното право ќе има  подобро деловно опкружување, беше потенцирано на денешната Меѓународна арбитражна конференција, која ја организира Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и Амбасадата на Швајцарија.

„Арбитражата, со многубројните предности во однос на редовните судови, изминатите години се докажа како брз, економичен и ефикасен механизам за решавање на споровите, кој ѝ е потребен на бизнис-заедницата, додека настаните од ваков карактер се неопходни за компаниите и пошироката јавност да се запознаат со модерните трендови од областа на арбитражното право и перспективите за натамошен развој на арбитражното решавање на споровите во нашата држава“, беше истакнато на денешниот настан.

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во рамките на своето работење континуирано се залага за афирмирање и развој на арбитражата како алтернативен метод за решавање на споровите во бизнис-секторот.

На денешниот настан пред претставниците на бизнис-заедницата, правосудната и универзитетската фела се обратија претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража, д-р Горан Рафајловски, и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, како и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Сутер Техада.

Светските трендови покажуваат дека арбитражата сè уште има неприкосновено место кај бизнис-заедницата

Компаниите недоволно ја користат арбитражата

Координативно тело ќе ги следи арбитражните постапки произлезени од меѓународни договори

Во светот дури 80% од стопанските спорови се решаваат по пат на арбитража

„Арбитражата во корист на бизнис заедницата“ – Меѓународна конференција во Софија

Книгата „Меѓународно арбитражно право“ на проф. д-р Тони Дескоски – прв учебник по меѓународно арбитражно право и корисно четиво за правните практичари

„Правните субјекти сакаат олеснето работење, а токму тоа им го нуди меѓународната арбитража“ – Зоран Андоновски, адвокат и судија во Меѓународниот арбитражен суд во Софија

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

„Подготвуваме арбитражна судница. Времето на арбитражата допрва доаѓа“ – велат од Постојаниот избран суд ­Арбитража

Правната култура и довербата се клучни за арбитражното решавање на споровите

„ПРВО АНАЛИЗА, ПОТОА ИНВЕСТИЦИЈА“ – Адвокатот Филип Пенсол за правните ризици низ призмата на договорното и арбитражно право

ИНТЕРВЈУ СО НАЈДОБРИОТ ФРАНЦУСКИ АДВОКАТ ЗА АРБИТРАЖИ: Филип Пенсол, овогодишен предавач на Конференцијата на Академик

„И адвокатите имаат интерес од арбитражата не само како застапници туку и како арбитри“ — проф. д–р МИХАЈЛО ДИКА

АРБИТРАЖАТА Е ОДЛИКА НА ПРАВНАТА КУЛТУРА: На бизнис-секторот му е потребен брз механизам за решавање на споровите

Арбитражите во регионот ќе бидат конкурентни во однос на судовите – само со меѓусебна соработка и форсирање на знаење

М.В