/ Прочитано:

938

Премиерот Ивица Дачиќ и неговите соработници под истрага за евентуална поврзаност со нарко кланот на Дарко Шариќ

Четврток, 7 февруари 2013 – Српското обвинителство бара истрага за контактите на премиерот Ивица Дачиќ и неговите соработнии со кланот на Дарко Шариќ, наркобосот во бегство, осомничен за перење пари низ Европа. Имено, станува збор за импознатна цифра од 1,7 милијарди евра која наводно Шкариќ ја вложил во српската економија. 

Српскиот обвинител за организиран криминал Миљко Радисављевиќ, издал барање до полицијата да го сослуша премиерот Ивица Дачиќ и неговите соработници околу евентуалната поврзаност со наркокланот на Дарко Шариќ. Полицијата ќе го сослуша поранешниот шеф на кабинетот на премиерот, Бранко Лазаревиќ, неколку високи државни и полициски службеници, како и осудени соработници на Шариќ.  Од полицијата барал да се утврди дали по средбите на овие лица со Шариќ се променила комуникацијата на оние врз кои се применувале мерки за таен надзор.

„Побарав известување за контактите на сите функциониери и службеници кои поради нивната функција можеле да имаат значајни информации за предметот против Родољуб Радуловиќ и Дарко Шариќ. Податоците се побарани и за оние за кои постојат само оперативни информации дека биле во контакт со тогашните осомничени“, изјавил за српски „Блиц“ јавниот обвинител Миљко Радисављевиќ.

>> Кој, навистина, е Дарко Шариќ: Мистерија на пљевљанскиот Ескобар >> Блиц“: Српскиот нарко-бос Дарко Шариќ испрал 1,7 милијарди евра преку 600 фирми од Србија