/ Прочитано:

2.003

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

 

Во новите заклучоци на Владата за заштита од коронавирусот има и препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите.

„Да се препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд на Република Северна Македонија да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Да се препорача на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Адвокатската комора во Република Северна Македонија и Комората на извршители на Република Северна Македонија да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија“, се наведува во новите заклучоци на Владата.

Од Владата објавија и дека Министерството за правда презема мерки за зголемена заштита на граѓаните во нотарските канцеларии.

„Во правец на реализација на мерките и препораки за заштита и превенција од КОВИД -19 донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија на 19-тата седница од 14.03.2020 година, а соочени со потребите на граѓаните за непречен пристап до нотарските услуги, Министерството за правда испрати известување до Нотарската комора

Станува збор за следното известување со кое се предвидуваат низа мерки:

  1. Се суспендира примената на Правилникот за работно време на нотарските канцеларии, (Сл.весник на РМ бр. 226/16 и 165/17). Нотарските канцеларии се должни да го организираат своето работно време согласно потребите на граѓаните и правните лица и кадровските можности во секоја од канцелариите, притоа имајќи ги предвид одлуките на Владата за прогласување на кризна состојба на определени подрачја и одлуките за справување со вирусот КОВИД-19. За своето работно време секоја од канцелариите е должна да истакне видливо соопштение на својата влезна врата од надворешната страна и за истото да ја извести Нотарската комора, која таквиот податок ќе го евидентира на својата веб страна во делот на Именик на нотари, со цел да им биде податокот достапен на сите заинтересирани без притоа да има потреба од непосредно одење пред нотарските канцеларии. Нотарот е должен на соопштението да остави и телефонски број во случај на итни потреби на граѓаните од нотарска услуга.
  2. Нотарот е должен да оневозможи пристап во канцеларијата на повеќе странки истовремено. Доколку во предметот има повеќе учесници, нотарот е должен да обезбеди раздалеченост помеѓу секој од нив од 2 метри и посебно пенкало за потпишување за секој од учесниците, со цел да се превенираат непосредни директни контакти помеѓу учесниците.
  3. Нотарот е должен да овозможи средства за дезинфекција на рацете на странките, како и на пенкалата кои се користат во канцеларијата. Нотарските канцеларии се должни да се придржуваат до овие мерки и тековно да ги следат информациите и препораките на Владата во однос на заштита и превенција од КОВИД -19, со оглед на сериозноста на состојбата со пандемијата и општествената одговорноста на секој поединец и институција, вршител на јавни овластувања и слично, во правец на реализација на истите, без притоа да се наруши општественото живеење и потребите на граѓаните и деловната заедница“, се наведува во соопштението на Владата.

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

Апел и препораки на Адвокатската комора до адвокатите

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В