/ Прочитано:

1.783

Препораки од АМСМ за безбедност на патиштата

На планинските премини, на повисоките и осојничави места поради ниските температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се забележани во Крива Паланка.  Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони. АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Патишта сообраќај зима

Автомото сојузот на Македонија информира дека од утринава е укината забраната  за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, додека пак забрана за движење на тешки товарни возила има на патот Маврово – Дебар, како и на патниот правец Прилеп – Витолиште.

Од АМСМ соопштуваат дека на патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема. Поради врнежи од снег за сообраќај се затворени патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од Македонија пат.

На планинските премини, на повисоките и осојничави места поради ниските температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се забележани во Крива Паланка.  Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, брзина на движење приспособена на условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.