/ Прочитано:

1.120

Препораки од Министерството за здравство по најавата за студен бран од портокалова фаза во Република Македонија

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство, по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за денес (четврток) ги донесе следните препораки:

– Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст;
– За работниците што работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10:00 до 16:00 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напивки, со цел заштита на нивното здравје;
– Се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини;
– На целото население му се препорачува да посвети особено внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напивки и редовно земање терапија кај хронично болните лица;
– Во случај на настинка и тешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста ќе биде информирана соодветно.