/ Прочитано:

735

Препораките кои според Извештајот на ГРЕКО кои не се исполнети

Во извештајот на ГРЕКО се нотира дека не се исполнети две препораки кои се однесуваат на односите на пратениците со лобисти и други трети лица и укинувањето на членството на министерот за правда по службена должност во Судскиот совет.

ГРЕКО препорача да се воведат правила за односите на пратениците со лобисти и други трети лица кои настојуваат да влијаат врз законодавниот процес.

ГРЕКО потсетува дека оваа препорака не беше спроведена во Вториот извештај за усогласеност, имајќи предвид дека не беа преземени никакви активности или поднесени конкретни предлози во врска со ова.

„Властите сега известуваат дека, во декември 2018 година, Министерството за правда започнало процес на изработка на нов Закон за лобирање, кој треба да го замени постојниот закон кој е усвоен во 2011 година и да ги земе предвид препораките на ГРЕКО и Препораката CM/Rec(2017)2 за правно регулирање на лобирањето при носењето на јавни одлуки. Предлог-законот наведува дефиниција за лобирањето и ги регулира, меѓу другото, условите за добивање статус на лобист/лоби организација, нивната регистрација и обврски, водењето на Регистарот на лобисти, но предвидува и казнени мерки во случај на непочитување на истите. Нацртот го опфаќа лобирањето во законодавната, извршната и локалната власт. Ја зајакнува надзорната улога на Државната комисија за спречување на корупција во однос на лобирањето и ја пренесува одговорноста за водење на Регистарот врз неа (истото моментално е надлежност на Собранието). Властите нагласуваат дека нацртот ќе важи за секој што се смета за трета страна, наместо само за лобистите/лоби организациите. Нацртот е доставен до Собранието, но неговото усвојување е неизвесно поради предвремените парламентарни избори.

ГРЕКО ја одбележува намерата на властите да го подобрат квалитетот на Законот за лобирање од 2011 година, меѓу другото со проширување на неговиот опсег на начин на кој ќе ја опфаќа секоја трета страна. Колку и да ја поздравува оваа иницијатива, ГРЕКО потсетува дека препораката конкретно цели кон обезбедување збир на правила за транспарентно однесување на пратениците при нивната комуникација за тековни предлог-закони со лобисти и други трети страни надвор од седниците на Собранието и неговите комисии. ГРЕКО жали што претходните планови за вметнување на соодветни правила во идниот Кодекс за етичко однесување на пратениците (сп. став 18 од Првиот извештај за усогласеност) очигледно се откажани. Во однос на Законот за лобирање, ГРЕКО забележува дека постојниот закон веќе утврдува обврска за законодавната и за извршната власт на централно ниво да усвојуваат внатрешни акти што ја регулираат постапката за лобирање. Новиот нацрт-закон попрецизно ја опишува оваа обврска и пропишува утврдување одговорност за неисполнување на таквата обврска само кај „раководители на засегнати органи“. Како резултат, од материјална гледна точка, состојбата не е подобрена во споредба со времето кога беше усвоен Извештајот за евалуација.

Од оваа причина, ГРЕКО заклучува дека препораката останува неспроведена и повторно ги повикува властите да ги продолжат своите напори за целосно почитување и спроведување на конкретната содржина на оваа препорака“, се вели во извештајот.

ГРЕКО заклучува дека препораката iii и понатаму не е спроведена.

„ГРЕКО препорача со цел да се зајакне независноста на судството од несоодветно политичко влијание, да се укине членството на министерот за правда по службена должност во Судскиот совет.

ГРЕКО потсетува дека статусот на оваа препорака се смени од делумно спроведена во Првиот извештај за усогласеност, во неспроведена во Вториот извештај за усогласеност. Првично, до Собранието беше поднесен предлог за уставни измени со кои се воведуваше измена на составот на Судскиот совет, која предвидуваше укинување на членството на министерот за правда во ова тело.

„Слични измени на Законот за судски совет беа во фаза на изготвување. По ова, плановите за изменување на Уставот беа откажани, а властите известија дека ја испочитувале препораката лишувајќи го министерот за правда од правото на глас во Судскиот совет (измени и дополнувања на Законот за судскиот совет) и воведувајќи доброволно учество на министрите за правда во двете последни влади во работата на Советот.

Властите сега повторуваат дека министрите за правда во последните две влади не учествувале во работата на Судскиот совет. Исто така, влезе во сила и новиот Закон за судски совет, според кој министерот за правда и претседателот на Врховниот суд имаат право да членуваат во Советот без право на глас и не смеат да учествуваат на седниците на Советот на кои се разгледува утврдувањето одговорност, изборот или разрешувањето на судија/претседател на суд.

Како и претходно, ГРЕКО жали што планот за отстранување на министерот за правда од составот на Судскиот совет преку уставни реформи е откажан. Неодамна усвоената регулатива не ја менува суштината на состојбата. Можното политичко влијание од страна на министерот за правда дури и без право на глас или формално присуство на состаноците беше темелно документирано во Извештајот за евалуација (сп. став 100 и 118). Во отсуство на конкретни планови за спроведување на оваа препорака, останува претходната оценка на ГРЕКО по ова прашање“, се вели во извештајот.

ГРЕКО заклучува дека препораката v и понатаму останува неимплементирана.

Времениот извештај на ГРЕКО за четвртиот круг на евалуација

М.В