/ Прочитано:

728

Прес-конференција на „Правда за штедачи“ пред Апелациониот суд

„Здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка Правда за штедачи преку пресс конференцијата одржана пред Апелациониот Суд, ја споделува со јавноста својата загриженост дека и покрај големата битка за правда, постои сериозна можност преку стечајната постапка тие да доживеат уште една голема неправда. Овојпат, поради постапувањето, поточно непостапувањето на Основниот Граѓански Суд Скопје, кој треба да се грижи за законитоста токму на стечајната постапка за Еуростандард банка.

Затоа, оштетените штедачи од Еуростандард банка ги повикуваат сите релевантни органи во државата кои во изминатиов период постојано наведуваат дека судството во континуитет се реформира, или дека е реформирано, будно да го следат овој случај. Велам, будно да го следат случајот, бидејќи ако целта на реформите треба да биде владеење на правото и правната држава, тогаш овој случај може да се претвори во пример за неуспех на реформите и показател дека преку судот не може да се дојде до правда и правичност и дека во судот не владее правото и не постои правната држава.

Нашата денешна прес конференција пред Апелациониот Суд Скопје е мотивирана од конкретно решение на Основниот Граѓански Суд Скопје со кое е одбиено барањето поднесено од група доверители за преиспитување на статусот на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка за Еуростандард банка, негово разрешување од член и претседател на Одборот на доверители, како и запирање од извршување на сите поединечни акти донесени во стечајната постапка врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки кој беше укинат со Одлука на Уставниот Суд од 25.05.2021 година. Во таа смисла, би сакале да укажеме дека Основниот Граѓански Суд Скопје во образложението на својата одлука се користел со импровизација место со примена на закон, при што провејуваат три карактеристични наводи кои сметаме дека не постојат во нашето, но исто така ниту во другите споредбени законодавства на земјите од регионот и Европската Унија:

1.Во своето образложение, Основниот Граѓански Суд Скопје наведува дека преку “посебна (sui generis) законска суброгација” побарувањето на депонентите физички лица до 30.000,00 евра преминало врз Фондот за осигурување на депозити, што на Фондот му дава активна легитимација и статус на доверител во стечајната постапка. Но, проблемот е што таков вид на       “посебна (sui generis) законска суброгација” не постои во ниту еден закон. Во Законот за облигациони односи (ЗОО) постои договорна и законска суброгација, и тие се многу јасно дефинирани, но не постои и “посебна (sui generis) законска суброгација”. Затоа, во своето Решение  судот нема наведено закон или одредба од закон според кој се повикува на оваа “посебна (sui generis) законска суброгација”. Ваквото образложение на Основниот Граѓански Суд Скопје во целост е нејасно и неразбирливо, поради што сметаме дека не смее да остане во правна сила.

2.Во неможност да се повика на конкретна одредба од закон, во образложението на своето решение, Основниот Граѓански Суд Скопје како аргумент навел дека Европската Директива од 2014 година упатувала на суброгација во вакви случаи. Европската директива навистина упатува на суброгација, но таа во себе не содржи суброгација која може да се примени во домашното законодавство. Напротив, таква суброгација мора да биде содржана во домашен закон. Таква суброгација содржеше членот 163 став 3 од Законот за банки, до неговото укинување од Уставниот Суд на 25.05.2021 година. По укинувањето на оваа одредба од Законот за банки, повеќе во ниту еден друг закон не постои одредба од која би можела да се црпе законска суброгација. Впрочем, затоа Основниот Граѓански Суд Скопје се обидел преку импровизација да воведе нов вид на “посебна (sui generis) законска суброгација”, која во суштина, повторувам, не постои.

3.Не можејќи да најде законски основ со кој ќе го образложи преминувањето на побарувањето на депонентите-физички лица до 30.000,00 евра врз Фондот за осигурување на депозити, Основниот Граѓански Суд Скопје навел дека основ за побарувањето на Фондот е Статутот на Фондот. Со тоа место законска, Основниот Граѓански Суд промовирал „статутарна суброгација”, што исто така не постои во ниту еден закон, ниту пак во правната теорија. Статутот е подзаконски акт и со него се уредува внатрешната организација на Фондот. Преку статутот не може да се стекнуваат права кон трети лица, ниту да се стекнува статус во односите со трети лица. Едноставно, Фондот за осигурување за депозити е основан со закон, банките годишната премија за осигурување на депозитите на физичките лица до 30.000,00 евра ја плаќаат врз основа на закон, Фондот врши исплата на депозитите на физичките лица до 30.000,00 евра врз основа на закон. Аналогно на тоа, правото на Фондот да биде доверител во стечајната постапка исто така мора да биде утврдено со закон. Како што е впрочем, во сите земји од регионот и Европската Унија. Недозволиво е ова право на Фондот да му се утврдува врз основа на статут, спротивно не само на домашното, туку и на споредбеното право, и тоа без исклучоци.

Најпосле, донесеното Решение е нецелосно, бидејќи Основниот Граѓански Суд Скопје не одлучил по барањето за запирање од извршување на поединечните акти донесени во стечајната постапка врз основа на укинатиот член 163 став 3 од Законот за банки. Тоа прашање е клучно за спроведување на Одлуката на Уставниот Суд и за правилно и законито понатамошно водење на стечајната постапка. Затоа, сметаме дека судот мора да се произнесе по ова барање, особено кога Одлуката на Уставниот Суд досега не е спроведена ниту по службена должност.

Против донесеното Решение на Основниот Граѓански Суд Скопје, групата доверители поднесе жалба до Апелациониот Суд Скопје. Преку денешната прес конференција изразуваме надеж дека Апелациониот Суд Скопје ќе собере сили да ги согледа овие нејаснотии, незаконитости и нелогичности во Решението на Основниот Граѓански Суд Скопје и дека ова решение нема да остане во правна сила. Поточно, нашите очекувања се дека Апелациониот Суд Скопје ќе ја усвои поднесената жалба против донесеното решение на Основниот Граѓански Суд Скопје со кое е одбиено барањето на група доверители за разрешување на Фондот за осигурување на депозити од член и претседател на Одборот на доверители на Еуростандард, заедно со барањето за запирање од извршување на сите поединечни акти донесени во стечајната постапка врз основа на член 163 став 3 од Законот за банки кој е укинат од Уставниот Суд на 25.05.2021 година. Воедно, очекуваме дека Апелациониот Суд Скопје ќе даде напатствија, Основниот Граѓански Суд Скопје да ја спроведе наведената Одлука на Уставниот Суд, нешто што тој требаше да го стори по службена должност веднаш откако таа стапи во сила. Неспроведувањето на Одлуката на Уставниот Суд, доколку продолжи, може да има сериозни последици по законитоста во понатамошниот тек на стечајната постапка за Еуростандард банка и да предизвика правна несигурност и неизвесност за сите доверители, што крајно, може да резултира со загрозување на нивните права. Или, поинаку кажано, ефектот од сето тоа, ќе биде уште една неправда, која одново, ќе удри по грбот на оштетените депоненти-физички и правни лица.

Здружението „Правда за штедачи” оствари средба со Делeгацијата на Европската унија

„Правда за штедачи“: Само со почитување на правната држава проблемот на Еуростандард банка ќе се реши на задоволство на сите

„Судот треба да ги запре од извршување сите акти во кои Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител“ – Љупчо Кузмановски, адвокат

„Правда за штедачи“: Зошто Министерството за финансии поддржува судир на интереси и ги оштетува доверителите на Еуростандард банка?

„Правда за шедачи“: Дали фирмите коминтенти знаат дека при пропаѓање на банка ги губат и сите пари на тековните сметки?

„Правда за штедачи“: Владата да го усвои нашиот предлог за измени на Законот за банки

Последиците предизвикани со Одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 ставот 3 од Законот за банки по стечајната постапка за Еуростандард банка

„Јавниот интерес подразбира заштита на правата на граѓанинот“ – Одлуката на Уставниот суд во врска со Законот за банките

Правда за штедачи: Со одлуката на Уставниот суд обичниот граѓанин добива најмногу

Измени на Законот за банките за правниот вакуум по одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд го укина член 163 став 3 од Законот за банките

„Правда за штедачи“ бара Државниот завод за ревизија да направи контрола на работењето на Фондот за осигурување на депозити

Здружението на оштетени штедачи објавува соопштение со контрааргументи за издвоеното мислење на четворицата уставни судии

Издвоено мислење на неколку уставни судии во врска со постапката за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Решението на Уставниот суд за поведувањето постапка за член 163 став 3 од Законот за банките

Уставниот суд поведе постапка за членот 163 ставот 3 од Законот за банките

Што и како се осигурува во Фондот за осигурување на депозити

Членот 163 од Законот за банките повторно на разгледување пред Уставниот суд

Уставниот суд ќе расправа за членот 163 од Законот за банките по изјаснувањето на Антикорупциската комисија

Членот 163 од Законот за банките, кој е оспорен пред Уставниот суд

Уставниот суд е пред историска одлука за ставање крај на безредието во банкарскиот систем, велат оштетените штедачи

Истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

ФОД: Досега исплатени 3,2 милијарди денари на депонентите на „Еуростандард банка“

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

Одложено рочиштето за стечајната постапка над Еуростандард банка

ФД: Oбесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ се одвива без поголеми пречки

Управниот суд ја отфрли тужбата од „Еуростандард банка“

На 15 септември започнува обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ со право на обесштетување

Соопштение на Фондот за осигурување на депозити до депонентите во „Еуростандард банка“

ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени

Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај

Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања

Народната банка: Го штитиме интересот на граѓаните и ги преземавме сите мерки за заштита на депонентите на Еуростандард банка

М.В