/ Прочитано:

1.953

Престанок на важноста на решенија за домашна изолација и државен карантин

„Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, соопштуваат од Владата.

Спасовски: На гласачките места се задржуваме 3-5 минути, што е помалку од одење во маркет

Донесени одлуки и за работата на угостителските објекти и за работата на вежбалните

На 26 јуни се отвораат граничните премини, а од 1 јули и аеродромите

Продолежна мерката за поддршка на компаниите и за ослободување од плаќање на износот на аконтациите

Владата донесе повеќе уредби и протоколи

М.В