/ Прочитано:

1.964

Пресуда на Апелациониот суд за предметот „27 април“

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 39/19, во јавноста познат како „27-ми Април “, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди.

По однос на изречената кривична санкција, првостената пресуда  ја преиначи  на начин што:

Обвинетиот Митко Чавков се осудува на казна затвор во траење од 16 години

Обвинетиот Митко Пешов се осудува на казна затвор во траење од 13 години

Обвинетиот Душко Лазаров се осудува на казна затвор во траење од 13 години

Обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви се осудува на казна затвор во траење од 13 години

Обвинетиот Оливер Поповски се осудува на казна затвор во траење од 11 години

Обвинетиот Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од 9 години

Обвинетиот Мунир Пепиќ се осудува на казна затвор во траење од 13 години

Обвинетиот Абдуљифета Алими се осудува на казна затвор во траење од 6 години

Обвинетиот Младен Додевски се осудува на казна затвор во траење од 11 години

Обвинетиот Јане Ченто се осудува на казна затвор во траење од 13 години

Обвинетиот Горанче Анѓеловски се осудува на казна затвор во траење од 11 години

Обвинетиот Игор Југ се осудува на казна затвор во траење од 11 години

Обвинетиот Влатко Трајковски се осудува на казна затвор во траење од 14 години

Обвинетиот Вилијам Михајловски се осудува на казна затвор во траење од 13 години

Обвинетиот Никола Митревски – Кољо се осудува на казна затвор во траење од 14 години

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од 7 години

 Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик , обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се наведува во соопштението на Судот.

Пресуда за предметот „27 април“

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Соопштение на ЈОРМ во врска со пристигнатите барања за амнестија

Кривичниот суд: Барањата за амнестија се испратени на мислење кај надлежното обвинителство

Кривичниот суд: Пристигнати се вкупно 62 барања за амнестија

Законот за амнестија влезе во сила потпишан од Иванов и критикуван од експертите

Постапката за примена на Законот за амнестија за лицата против кои е во тек кривична постапка

Пратениците го изгласаа Законот за амнестија

Официјално објавен Предлог-законот за амнестија, во кој и интеграцијата во НАТО е наведена како цел

Предлог-законот за амнестија за 27 април не доби поддршка од мнозинството пратеници

Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април на собраниска седница

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В