/ Прочитано:

1.819

ПРЕСУДА НА СТРАЗБУР ЗА ЛУСТРИРАНИОТ СУДИЈА ТРЕНДАФИЛ ИВАНОВСКИ: Нефер постапки и отштета од 5.350 евра

Европскиот суд за човекови права одлучи дека во случајот на лустрираниот судија Трендафил Ивановски, постоело повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права.

evropski-sud-za-chovekovi-prava-strazbur-evropski-sud-za-covekovi-prava-strazbur-e1391420079204.jpg

Во денешната објавена пресуда на Европскиот суд за човекови права се утврдува дека во случајот на лустрираниот судија Ивановски постои повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права.

Трендафил Ивановски до Европскиот суд за човекови права се жалел дека лустрациските постапки не биле фер и дека му биле нарушени неговиот углед и достоинство.

Понатаму, Ивановски се жалел дека во постапките немало еднаквост на оружјата, немал доволно време да ги  подготви аргументите, како  и  дека не му бил овозможен пристап до досиејата.

Во однос на наводите на Ивановски, Европскиот суд за човекови права смета дека постоела повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пресудувајќи дека лустрациските постапки не биле фер. Eвропскиот суд за човекови права одлучи дека нема повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права (правото на фер судење) во однос на тврдењата на жалителот дека немал пристап до суд.Според пресудата, државата на Ивановски треба да му исплати отштета од 5, 350 евра.

Во врска со пресудата од Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права велат дека со неа утврдена е е повреда на член 8 од Конвенцијата (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од аспект на недоволната усогласеност на тогашниот Закон за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција со препораките на Советот на Европа, во делот на опфатот на професиите и времетраењето на забраната за практикување на професијата поради констатираната соработка со тајните служби, за која ЕСЧП во својата пресуда смета дека претставува диспропорционална санкција во однос на легитимната цел (заштита на јавната безбедност).

M.В