/ Прочитано:

1.078

Претседателот Иванов ги поништи и преостанатите одлуки за помилување

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов одлучи да ги поништи и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесе на 12 април.

akad 2

„Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно – политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12 април“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Претседателот потсетува дека изминале десет дена откако донел одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување постапка за вкупно дваесет и двајца политички експонирани лица.

„Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа, и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување“, вели Иванов во писмената изјава.

Претседателот Иванов истакнува дека и натаму верува дека аболицијата била исправна одлука и дека денес во Македонија има нова реалност во Македонија.

„Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците“, вели Иванов.