/ Прочитано:

1.616

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за спречување и заштита од дискриминација

Претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша Указот за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој е повторно во собраниска процедура.

„Во извршувањето на функцијата претседател на Република Македонија секогаш постапувам во согласност со дадената свечена изјава дека ќе го штитам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.

Врз основа на членот 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишувам Указот за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 март 2019 година“, се вели во  известувањето на претседателот Иванов упатено до Собранието.

Во членот 75 од Уставот, на кој се повикува Иванов, се пропишува дека законите се прогласуваат со указ. Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.

„Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, се пропишува во членот 75 од Уставот.

Со Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој е на повторно разгледување во Собранието, се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со Законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

„Во новиот текст на законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и actio popularis. Исто така се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки“, се посочува во законското образложение.

Пред донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, граѓанските организации побараа итно донесување на Законот.

Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis) во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

За тужбата со која се иницира судска постапка како actio popularis

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В