/ Прочитано:

1.388

Претседателот на ДИК вели дека нема фантомски гласачи во Избирачкиот список

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, вели дека нема фантомски гласачи во Избирачкиот список.

„Избирачкиот список е динамична категорија и никогаш нема да биде идеално чист затоа што во списокот се наоѓаат лица кои на дневна основа се менуваат. Ве уверувам дека нема фантоми во Избирачкиот список. Тоа беше терминологија што се користеше во изминатите години, веројатно, од други причини. Нема такви лица во Избирачкиот список“, истакнува Дерковски.

Претседателот на ДИК, Дерковски, и членовите на ДИК денеска на средбата со премиерот Зоран Заев посочија дека работат професионално, штедливо и домаќински и дека ќе продолжат во таа насока за достоинствено да одговорат на законските обврски пред граѓаните.

Верувам дека секој ја знае својата професионална и човечка одговорност за овој важен процес. Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата, рече премиерот Заев, кој нагласи дека сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија.

На средбата на премиерот Заев со членовите на ДИК се разговараше и за медиумската кампања поврзана со референдумот, за потребата од почитување на законските одредби поврзани со кампањата за референдумот од страна на сите чинители, како и за финансиските средства што му се потребни на Собранието за спроведување на медиумската кампања.

Програма за задолжителна едукација на изборни органи за спроведување на референдум на државно ниво

ДИК ќе го дополнува Правилникот за референдумот

Соопштение на „Цивил“ во врска со пријавени проблеми со Избирачкиот список

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција 

М.В