/Прочитано:

1.424

Претседателот на македонското Здружение на судии и претседателот на бугарскотo Здружение на судии потпишаа Меморандум за соработка

Претседателот на Здружението на судии на РМ – судија д-р Џемали Саити и претседателот на Здружението на судии на Република Бугарија, судија Атанас Атанасов, во Скопје го потпишаа Меморандумот за заемна соработка меѓу двете здруженија за активности од заеднички интерес.

Фокусот на соработката меѓу двете здруженија се става на можностите за размена на искуства помеѓу македонски и бугарски судии и учество во заеднички проекти насочени кон размена на искуства и добри практики меѓу судиите од Република Македонија и Република Бугарија.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка со Здружението на судии на Р Бугарија дополнително се потврдуваат соработката и отвореноста на ЗСРМ со регионалните асоцијации и здруженија на судии, со цел зајакнување на начелото на судска независност.

M.В