/ Прочитано:

945

Претседателот на Собранието предложи измени на собранискиот Деловник во врска со Законот за употреба на јазиците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Собранието поднесе Предлог-деловник за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија,  по скратена постапка.

Предложените измени се во врска со Законот за употреба на јазиците и се однесуваат на користењето на јазикот на седниците на Собранието и на седниците на работните тела, печатот на Собранието, пратеничките легитимации и стенограмите од седниците на Собранието и седниците на работните тела.

„Целта на овие измени и дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија е усогласување на Деловникот со Законот за употреба на јазиците, како и почитување и спроведување на одредбите на Законот за употреба на јазиците, од кои произлегуваат обврски за Собранието во однос на употребата на службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија. Работата на Собранието е регулирана со Деловникот и поради тоа за целосно спроведување и применување на Законот за употреба на јазиците е потребна измена на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Предлог-деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија се заснова на истите начела врз кои се заснова Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Основните решенија на овие измени и дополнувања придонесуваат за целосна примена на Законот за употреба на јазиците“, се вели во образложението на предложените измени на Деловникот.

Предлог-деловникот за изменување и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието:

Член 1

Во Деловникот на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2008, 119/10 и 23/13), во членот 3 ставот (1) се менува и гласи:

„(1) Во работата на Собранието на Република Северна Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо“.

По ставот (1) се додаваат три нови ставови (2), (3) и (4) кои гласат:

„(2) Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на седница на Собранието на Република Северна Македонија и седници на работни тела зборува и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија“.

(3) Пратеник, кој зборува јазик различен од македонскиот јазик , а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија кога претседава со седница на Собрание или седници на работни тела, истите ги води на тој јазик.

(4) Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во Република Северна Македонија, материјалите навремено ги добива, односно доставува и на неговиот јазик и писмо за да послужат на седница на Собрание или седници на работни тела.“

Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (5) и (6) .

Член 2

Во членот 7 ставот (2) се менува и гласи:

„Печатот на Собранието има тркалезна форма. Во средината на печатот е грбот на Република Северна Македонија, а околу него е натписот: “Република Северна Македонија – Собрание на Република Северна Македонија – Скопје.“ Печатот е испишан на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и неговото писмо.“

Член 3

Во членот 19 по ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи:

„(5) Легитимациите и картичките за електронско гласање на пратениците се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го  зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо,  доколку пратеникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна  Македонија“.

Член 4

Во членот 34 по ставот (4) се додава  нов став (5) кои гласи:

„ (5) Стенографските белешки од седница на Собранието и од седници на работни тела, како и другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо.“

Член 5

Овој Деловник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Објавен Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците

Ќе се формира инспекторат за употреба на јазиците

Законот за употреба на јазиците е испратен до Венецијанската комисија

Професорот Кекеновски го оспори Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд

ВЛАДАТА: Не се воведува целосна двојазичност на целата територија на РМ и во сите области на правниот поредок

За примената на Законот за употреба на јазиците се предвидуваат средства од Буџетот и донесување програма за јавна свест

Што сe предвидува во Законот за употреба на јазиците

И Владата објави соопштение во врска со Законот за употребата на јазиците и Законот за Договорот од Преспа

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Годишно обраќање на претседателот Иванов

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

Претседателот на Собранието нема да го потпише Законот за употреба на јазиците наместо претседателот на Републиката

Што предвидува Законот за употреба на јазиците за постапките пред судовите, обвинителствата, извршителите и нотарите

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

Постапката по непотпишување на указот и укажувањата на претседателот на РМ во врска со Законот за употреба на јазиците

Уставните и законските одредби за прогласувањето на законите и потпишувањето и објавувањето на актите

Законот за употреба на јазиците, за кој се поднесени рекорден број амандмани, повторно пред пратениците

Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби

М.В