/ Прочитано:

1.224

Претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар

На средбата во кабинетот во Собранието, амбасадорот Жбогар, уште еднаш, му го честита изборот на господин Талат Џафери, истакнувајќи дека со ова, Законодавниот дом и Република Македонија продолжуваат со процесот на целосна интеграција во евроатлантските структури. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претпладнево во својот кабинет го прими aмбасадорот на Европската Унија,  Самуел Жбогар. 

На средбата, амбасадорот Жбогар, уште еднаш, му го честита изборот на господин Талат Џафери, истакнувајќи дека со ова Собранието и Република Македонија продолжуваат со процесот на целосна интеграција во евроатлантските структури. 

Од своја страна, претседателот на Собранието, Талат Џафери, истакна дека тој со преземањето на функцијата, пред сè, ќе работи на јакнење на демократските процеси и целосно остварување на принципите на парламентарната демократија во функционирањето на Собранието како законодавен дом. 

Очекувам, истакна претседателот Џафери, брзо формирање на новата Влада и потоа сите заедно, почитувајќи ја, пред сè, самостојноста на сите институции на власта, да работиме за добросостојбата на сите граѓани на Република Македонија, како и за остварување на нашите стратешки определби, а тие се членство во НАТО и во Европската Унија.