/ Прочитано:

922

Претседателот на Управниот суд даде свечена заклетва во Судскиот совет

Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, денеска даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет. Тој се заколна на почитување на Уставот и законите и вети одговорно и чесно работење.

Бурим Сејдини пред две седмици беше избран за претседател на Управниот суд од страна на членовите на Судскиот совет. Ова е втор негов мандат како претседател. При изборот членовите на Судскиот совет ја потенцираа неговата успешна работа во првиот мандат, како и важноста на постигнатите резултати.

По заклетвата, претседателот Бурим Сејдини изрази очекување дека новата зграда на Управниот суд, која ќе ги подобри условите за работа на судот, ќе биде готова до 31 март, кога се одбележува Денот на правосудството.

Судијата Бурим Сејдини избран за претседател на Управниот суд

М.В