/ Прочитано:

1.143

Претседателот на Управниот суд си поднесе оставка – прегласување во Центар и Струга

Понеделник, 15 март 2013 – Претседателот на Управниот суд, Исамедин Лимани, си поднесе оставка веднаш откако Управниот суд ги поништи победите на Андреј Жерновски во Центар и на Зијадин Села во Струга. Неофицијално, причината за оставката била одлучувањето по приговорите за општините Струга и за Центар. 

Од 34 тужби на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ поднесени за Општина Центар, Управниот суд прифати 32, а одби само 2 тужби. За Струга од 8 поднесени прифатени се 7 тужби. Со двата приговора од ДИК,  во Струга ќе се прегласува на 9 избирачки места, што исто така може да влијае на резултатот.

Во општините Центар и Струга ќе се гласа по трет пат. Бројот на гласачите на поништените избори на овие избирачки места е поголем од постигнатата разлика меѓу кандидатот на СДСМ Андреј Жерновски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ. Според ДИК, Жерновски победи во вториот круг од локалните избори со повеќе од 981 глас разлика. Гласањето се поништи на гласачки места на кои има регистрирано повеќе од 4 илјади гласачи. Поништено е гласањето на изборачките места 2842, 2847, 2855 и 280 во општина Центар. Членови на Управниот суд се Ана Герасимовска која е претседателка на советот, останатите Даниела Антовска, м-р Ѓоко Живковски, Нада Иванова и Рахилка Стојковска се членови на советот.

Кандидатот на ДУИ, Зијадин Села во вториот круг водеше со околу 5 илјади гласови пред заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Управниот суд утре ќе одлучува по 60-те тужби на СДСМ.