/ Прочитано:

1.050

Претседателот на Владата е убеден дека Македонија ќе има независно судство

Премиерот Зоран Заев е задоволен од процесите за севкупните реформи во државата, вклучувајќи ги и реформите во правосудството, и убеден е дека Македонија ќе има независно судство.

Одговарајќи на прашање на денешната собраниска седница, премиерот Заев рече дека работни групи веќе работат во делот на реформите на правосудството и изрази уверување дека ќе создадат сериозно законодавство и дека ќе ги имплементираат реформите во правосудството.

„Задоволен сум како тргнаа процесите во севкупните реформи во Македонија. Правиме сè и ќе продолжиме да правиме сè за да имаме широко разбирање и за ставовите на опозицијата, која дава надеж и шанса дека реформите се од национален интерес. Убеден сум дека учеството на опозицијата во дијалогот за реформските закони и можноста од гласање на опозицијата за овие закони ќе бидат најдобра гаранција за успешната имплементација на законските решенија“, истакна Заев на собраниската седница посветена на пратенички прашања.

М.В