Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на ЕУ
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.
За време на средбата се разменија мислења и се дискутираше за идните активности на Врховниот суд на Република Македонија, во насока на подобрување на состојбите во судството и владеењето на правото, имајќи ги предвид нотираните забелешки во Извештајот за Република Македонија за 2016 година на Европската комисија и Препораките од групата високи експерти за системските прашања за владеење на правото.
Понатаму, велат од Врховниот суд, се разговараше за помошта која Европската Унија може да му ја понуди на Врховниот суд на Република Македонија, преку тековните проекти за Република Македонија финансирани од ЕУ.
Во текот на средбата, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија истакна дека Врховниот суд на Република Македонија презема активности во насока на зголемување на довербата на граѓаните во судството, преку поттикнување на транспарентност во работењето на судовите и приближување на нивната работа до граѓаните.
На крајот од средбата беше искажана заемна благодарност од одржаната средба со поддршка за продолжување на успешната соработка помеѓу Врховниот суд на Република Македонија и Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.
M.В