/ Прочитано:

1.177

Претседателот на Здружението на судии оствари средба со обвинителот Мек Нил, постојан правен советник во Aмбасадата на САД

 

Во рамки на континуираната соработка со Амбасадата на САД во Македонија, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, оствари средба со обвинителот Џон Мек Нил, кој доаѓа на местото на досегашниот постојан правен советник во Амбасадата, обвинителката Емили Реј Вудс.

На средбата, соговорниците разговараа за моменталните предизвици во судството и за идните чекори, како и за активностите на Здружението во контекст на реформските процеси.

Претседателот Саити истакна дека улогата на Здружението во реформските активности е од големо значење, имајќи предвид дека во стратешките цели се инкорпорирани заклучоците од средбите кои ги организираше ЗСРМ во изминатиот период, а на кои беа дискутирани прашања од суштинско значење за подобрување на состојбите во правосудството.

М.В