/ Прочитано:

1.112

Претседателот Пендаровски нема да прогласи нова вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски денеска соопшти дека нема да прогласи нова вонредна состојба.

„За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел и на целата територија на државата постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуваат тие мерки. Друга заблуда е дека вонредната состојба има врска со датумот на изборите. Избори може да се организираат и за време на вонредна состојба, само треба Владата, ако сака, во уредбата каде што стои ‘по завршување на вонредната состојба продолжуваат да течат изборните рокови’ да напише ‘изборните рокови течат и за време на вонредната состојба’, и толку“, образложи Пендаровски.

Сите претходни вонредни состојби, истакна Пендаровски, ги прогласив заради потребата во отсуство на парламент да се управува преку уредби со законска сила со цел борба против ефектите од пандемијата во здравствената и економско-социјалната сфера, откако најголемиот број од стопанските субјекти престанаа со работа.

Претседателот Пендаровски апелираше до лидерите на политичките партии што поскоро да се договорат за датум кога би било прифатливо организирање на предвремените парламентарни избори. Ќе биде штетно, нагласи тој, доколку некоја од партиите одлучи да не учествува во процесот.

Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес

Владата ги задолжи МВР и инспекторатите да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус

Нови забрани за движење на граѓаните

Министерството за здравство апелира во целост да се почитуваат мерките и препораките

Донесени неколку протоколи кои се однесуваат на образованието

Пендаровски: Нови 14 дена вонредна состојба

Филипче: Дел од граѓаните не ги почитуваат мерките и самоизолацијата

Протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана

Министерство за здравство: Од денеска целосно престанува да важи одлуката за забрана за движење

Владата: Престанува одлуката за забрана за движење

M.В