/ Прочитано:

1.393

Претставена е Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021

Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021 е изработена од работна група составена од Министерството за финансии, а спроведувањето на програмата ќе биде со поддршка од Европската Унија, од околу 20 милиони евра.

Претставници од невладиниот сектор денеска имаа можност да се запознаат со Стратегијата за управување со јавните финансии на ИПА 2 механизмот за граѓански организации. Документот беше презентиран со цел да се зголеми искористеноста на средствата.

Според проектниот координатор на ИПА 2 механизмот за граѓанските организации, Александар Колекески, веќе се прават консултации за да се подобри искористеноста на парите од европските фондови. Колекески истакна дека од исклучителна важност е да се унапреди процесот на управување со јавните финансии и како што потенцираше, токму за ова прашање Делегацијата на Европската Унија во изминатиов период постојано укажуваше во своите извештаи за државата.

Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021 е изработена од работна група составена од Министерството за финансии, а спроведувањето на програмата ќе биде со поддршка од Европската Унија, од околу 20 милиони евра.

Според Марјан Николов, претседател на Центарот за економски истражувања, крајно време е политичките елити и државната администрација во Република Македонија да сфатат дека граѓанскиот сектор со нив дебатира и дискутира за вакви важни прашања, со цел поголема економичност и поголема ефикасност.

А. Б.