Претставници на правосудството и Управата за финансиско разузнавање ќе дебатираат на тема „Даночно затајување и перење пари“
Среда, 4 декември 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители денеска во своите простории организира советување на тема „Даночно затајување и перење пари“.
Советувањето е наменето за судиите од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја како и претставници од адвокатурата, Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање.
Предаваче на ова советување се Гордана Гешкоска – јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Кирил Темелков -советник на директорот и координатор на сектори при Управа за финансиска полиција, Хелмут Лајтхојзер – судијата-претседавач при Покраинскиот суд во Вупертал, Норберт Наулин – истражител на даночни затајувања при Управата за даночни кривични прашања и даночни истраги во Вупертал.