Претставници на Заедничката истражувачка мисија на Француската амбасада во Академијата за судии и јавни обвинители
Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, в.д. директорката на Академијата, Вјолца Елмази, претседателот на Управниот одбор на Академијата, обвинителот Сашо Рајчев, заменик-претседателот на Управниот одбор на Академијата, судијката Оља Ристова, одржаа состанок со Александра Савие, судија и шеф на Канцеларијата за соработка, Валентина Салвато, висок проектен менаџер, и Жули Маравал, аташе за соработка, информираат од Академијата за судии и јавни обвинители.
На состанокот беше истакната решителноста во заложбите на Академијата да продолжи досегашната соработка со Француската амбасада. Претставниците на Академијата истакнаа дека во наредниот период ќе се разгледаат сите можности за продлабочување на соработката, ќе бидат предложени повеќе форми на соработка, меѓу другото, организирање на обуки, размени на слушатели на почетните обуки на Академијата за судии и јавни обвинители и Француската правосудна академија (ЕНМ), организирање часови по правен француски јазик на почетно и напредно ниво, учество на кандидатите и менторите на натпревари, студиски и работни посети за размена на најдобрите практики со цел унапредување на досегашната соработка помеѓу двете академии, како и на работата на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
На состанокот беше потенцирано дека Академијата ќе ја продолжи традицијата да прима кандидати од Француската правосудна академија на повеќенеделен престој.
Од стручната служба на Академијата беше посочено дека во досегашните извештаи на Европската комисија работата на Академијата беше оценета со највисока оцена, но се истакнува потребата од зајакнување на просторните капацитети и зголемување на капацитетот на човечки ресурси.
Претставниците на Заедничката истражувачка мисија накратко ја презентираа целта на нивната посета и изразија огромна поддршка во унапредувањето на досегашната соработка со Академијата преку одржување на понатамошна комуникација. Тие истакнаа дека ставовите на претставниците на Академијата ќе бидат пренесени во Амбасадата на Франција во Скопје и во Француската правосудна академија.
Во оваа прилика Академијата им го достави и последниот годишен извештај за својата работа на претставниците на Заедничката истражувачка мисија.
Орден „Витез на Националниот ред за заслуги“ за Анета Арнаудовска
Успешна соработка на Академијата „Павел Шатев“ и Француската амбасада во Република Македонија
Интервју со Светлана Зашова, првата Македонка во Француската правосудна академија
М.В