/ Прочитано:

1.273

Презентација на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“

„Брионската изјава е донесена во еден многу важен момент за судството во Република Македонија, меѓу другото на 70- годишнината од основањето и работењето на Врховниот суд, па во овој контекст таа претставува силна поддршка за судството да остане на патот на својата независност и непристрасност“, се наведува во соопштението.

slika

Во четврток на Правниот факултет – Скопје ќе се одржи претставување и презентација на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“ организирана од страна на Врховниот суд на Република Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ и CEELI INSTITUTE Prague, информираат од Врховниот суд.

Брионската изјава за начелата на независност на судството е донесена на Конференцијата на претседатели на врховни судови на Централна и Источна Европа и потпишина од страна на претседателите на врховните судови на 16 земји, меѓу кои и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на 14 октомври 2015 година во Бриони, Хрватска.

„Брионската изјава е донесена во еден многу важен момент за судството во Република Македонија, меѓу другото на 70- годишнината од основањето и работењето на Врховниот суд, па во овој контекст таа претставува силна поддршка за судството да остане на патот на својата независност и непристрасност“, се наведува во соопштението.

За време на конференцијата од 11-ти до 14-ти октомври 2015 година во Бриони, на која учествуваше и претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, беа разработени темите: промените во правосудните системи на земјите во Централна и Источна Европа, аспекти на судските одложувања и улогата на претседателите на судовите во намалување на одложувањата, зголемување на судската ефикасност, употребата на судските наредби за спроведување на судење и обезбедување  докази, алтернативни мерки за решавање спорови, судовите и јавноста, како и судската независност.