/ Прочитано:

1.434

Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Министерството за информатичко општество и администрација денеска на јавна расправа ќе го презентира Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.

На јавната расправа ќе се обрати заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, и координаторките на четирите приоритетни области.

По презентацијата на извештајот ќе се отвори дебата и простор за поставување прашања до одговорните лица за четирите приоритетни области во оваа стратегија.