/ Прочитано:

1.280

Презентација на Нацрт-законот за поддршка на инвестициите 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски одржаа прес-конференција на која се презентираше нацрт-текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Образложувајќи го нацрт-текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, министерот за економија појасни кои ефекти се очекуваат со примената на овој закон, кој е во надлежност на Министерството.

„Со создавање на законска рамка за реализација на мерките од Планот за економски раст, кој ги дефинира главните политички приоритети за претстојниот период, се очекува: зголемување на приватните инвестиции и на вработеноста, подобрување на ефикасноста, на продуктивноста и на конкурентноста на приватниот сектор, повисоко ниво на извозот и унапредување на регионалната економска соработка, а со тоа се влијае и на подобрување на благосостојбата на граѓаните“, беше потенцирано на презентацијата.

Според министерот Бектеши, со успешна имплементација на Законот ќе се овозможи поттик за растот и развојот на приватниот сектор, под транспарентни и предвидливи услови.

„Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите се очекуваат многукратни позитивни ефекти за македонската економија и уште посилно раздвижување на економската активност на компаниите бидејќи десетици компании со домашен и странски капитал се заинтересирани за нови инвестиции“, беше нагласено на денешниот настан.

М.В