/ Прочитано:

976

Презентација на проектот за развој на деловните процеси за новиот интегриран даночен ИТ-систем

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со тимот кој работи на проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ-систем“, пред претставници на повеќе државни и јавни институции, како и правосудни органи, ги образложи целите на проектот, очекувањата и резултатите коишто ќе се постигнат прeку целосна имплементација на оваа значајна реформа.

„Станува збор за исклучително важен проект којшто е во насока на целосна модернизација и автоматизација на процесите во Управата за јавни приходи, како и приближување кон развиените даночни администрации. Реализацијата на овој проект ќе овозможи намалување на трошоците за наплата на даноците, како и подобри услуги кон даночните обврзници и кон трети страни. Идните деловни процеси поддржани од новиот ИТ-систем, се поставени како сервис за даночните обврзници, институции и други засегнати страни. Преку минимална интеракција со обврзниците, овие деловни процеси ќе овозможат максимална наплата на даноците и намалување на сивата економија”, рече директорката на УЈП, Лукаревска.

Проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ-систем“, којшто е ИПА-проект, Управата за јавни приходи го започна на 1 ноември 2017 година.

М.В