/ Прочитано:

892

Презентација на резултатите од истражувањето „Зајакнување на механизмите на независното судство во Македонија“

Среда, 3 април 2013 – Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН-С) денеска со почеток во 11 часот во просториите на ИОХН-С ќе врши презентација на резултатите од истражувањето „Зајакнување на механизмите на независното судство во Македонија” кое Институтот го спроведе во периодот од мај 2012 до февруари 2013 година. 

Резултатите од истражувањето со судиите како и препораките за зајакнување на независноста на судството ќе ги презентираат м-р Артан Садику, програмски директор на ИОХН-С.

„Истражувањето ги анализираше постоечките механизми и инструменти на Судскиот совет кои овозможуваат процес на мониторинг, евалуација и изрекување дисциплински мерки и раководење со претставките од граѓаните, како и можностите за зајакнување на механизмите и практиките кои влијаат врз независноста на судството во Македонија. Потребата за истражувањето произлезе од податоците кои укажуваа на намалената примена на постоечките процедури наспроти зголемениот број на поплаки пред Правобранителот. Целта на истражувањето не беше обременување на  правната рамка со дополнителни процедури туку  креирање нова политика на употреба на инструментите и механизмите на судството, преку длабинска анализа на операционалните можности на постоечкиот закон и органи и хибридното единство кое го креираат“, велат од ИОХН-С.

На презентацијата освен резултатите од истражувањето, ќе бидат предложени и конкретни мерки кои би придонеле за зајакнување на независноста на судската власт во Македонија