/Прочитано:

432

Презентирана економската анализа на трошоците и придобивките во споровите од мала вредност

Центарот за правни истражувања и анализи денеска ја презентираше Економската анализа на трошоците за споровите од мала вредност во првостепените судови во Република Северна Македонија.

На презентацијата говореа Жарко Хаџи-Зафиров, програмски раководител во Центарот за правни истражувања и анализи, правниот експерт Ивица Пеповски, кој поконкретно ја презентираше анализата, и  Љубица Караманди-Попческа, советник во Министерството за правда, која се осврна на стратешките определби на Министерството за зајакнување на ефикасноста на судството.

„Економската анализа на трошоците и придобивките во споровите од мала вредност претставува анализа на очекуваната рамнотежа на придобивките и трошоците при постапувањето на првостепените судови во споровите од мала вредност. Примарната цел на оваа економска анализа е да ги утврди вкупните трошоци на судскиот буџет, како и да даде реална процена на трошоците од споровите од мала вредност кои паѓаат на товар на странките за време на процесирањето на предметите во судовите“, беше истакнато на денешната презентација.

Споровите од мала вредност се предмети кои се од чисто граѓанска природа и во кои тужбеното барање се однесува за побарување во пари кое не го надминува износот од 600.000 денари. Тужбените барања може да произлегуваат по основ на долг од договор за закуп, заем или продажба. Тужбеното барање во споровите од мала вредност може да се однесува и на договорна казна која произлегува од договор, како и реализација на спогодба или надомест за арбитража кој вклучува парично побарување. Со цел да биде постигната ефикасност, постапката по споровите од мала вредност ја нагласува потребата од релативно поедноставување на процесните барања. Предноста од користење на постапката по споровите од мала вредност се состои во нејзината брзина на постапување, намалените трошоци и едноставноста. Таа претставува ефективно средство за да се добие правно признат и извршен налог за плаќање против лица кои имаат долг.

Податоците во оваа анализа се однесуваат на споровите од мала вредност по кои постапувале судовите во периодот од 2015 до 2017 година. Податоците се  прибрани и анализирани за потребите на Центарот за правни истражувања и анализи во октомври 2018 година и вклучуваат податоци за 27.002 спорови од мала вредност.

Во анализата се даваат конкретни податоци и информации во врска со трошоците на судскиот буџет по случај на спор од мала вредност и во врска со трошоците за инволвираните странки.

„Буџетските трошоци за решавање на 26.038 спорови од мала вредност во текот на тригодишниот период (од 2015 до 2017 година) се проценуваат на околу 90.419.555 денари (или 1.469.520 евра), што би можело да претставува значителна заштеда доколку се користат други начини за решавање на спорови (т.е. медијација). Со други зборови, груба процена е дека во просек 500 илјади евра би се заштедиле на годишно ниво доколку се користат други опции за решавање на споровите“, се образложува во анализата.

„Исто така, се проценува дека вкупните трошоци, вклучувајќи ги судските такси и адвокатските такси, во случаи на две рочишта, ги надминуваат придобивките од случаите на спорови од мала вредност каде што вредноста на случајот е помала од 3.600 денари (или 59 евра).

За вредности над 3.600 денари (или 59 евра) придобивките ги надминуваат проценетите вкупни трошоци. Треба да се забележи дека мнозинството случаи на спорови од мала вредност се завршени со одржување на две или повеќе рочишта (просечниот број на рочишта во 2017 година изнесува 2,12, што претставува пад од 2,66 во 2015 година).

На пример, 69% и 84% од случаите на спорови од мала вредност се завршени со одржување на две или повеќе рочишта во Основниот суд Гостивар, односно Основниот суд Штип. Со други зборови, нема економска логика да се оди на суд за спорови со вредност помaла од 3.600 денари (или 59 евра)“, се образложува понатаму во анализата.

Во анализата се вели и дека процените за вкупните трошоци, вклучувајќи ги судските такси и адвокатските трошоци, во случаи со одржани три рочишта, ги надминуваат придобивките од случаите на спорови од мала вредност каде што вредноста на случајот е помала од 12.700 денари (или 206 евра). За вредности над 13.700 денари (или 206 евра) придобивките ги надминуваат вкупните проценети трошоци.

„Во првичната процена се претпоставува дека најголем дел од предметите во Основниот суд Скопје се решаваат со три рочишта. Прибавените податоци покажаа дека просечниот број на рочишта во Основниот суд Скопје во 2017 година изнесувал 2,7, што претставува пад од 4,0 проценти по случај во 2015 година. Со оглед на тоа, не постои економска логика да се поведува постапка пред Основен суд Скопје за спорови чија вредност е помала од 12.700 денари (или 206 евра).

Ако се направи споредба со просечната месечна исплатена нето-плата, се проценува дека е потребна повеќе од половина (или 55%) од просечната нето-плата за да се покренат спорови од мала вредност во Основниот суд Скопје. Од друга страна, пак, се проценува дека 15% од просечната месечна исплатена нето-плата е доволна за да се поведе спор од мала вредност во Основниот суд Гостивар и Основниот суд Штип“, се вели во анализата.

ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИТЕ И ПРИДОБИВКИТЕ ВО СПОРОВИТЕ ОД МАЛА ВРЕДНОСТ.PDF 

ЦПИА подготви видеа за судската пракса, за споровите од мала вредност и за Матрицата за мониторинг на судството

Презентирана анализата „Споровите од мала вредност во првостепените судови во Република Македонија“

Промовиран Првиот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството

Промовирана Матрицата за мониторинг на перформансите на јавното обвинителство

Промовирана веб-платформата „Џастис обзерверс“ на Центарот за правни истражувања и анализи

Почеток на првото национално мерење на перформансите на правосудството

Промовирана анализата за најдобрите европски практики за мерење на перформансите на јавните обвинители

Центарот за правни истражувања и анализи започна со пилот-мерењето на перформансите на правосудството

Потпишан меморандум за подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството

Тркалезна маса за правосудство на тема „Презентација и дискусија за нацрт-матрицата за мерење на перформансите на правосудството“

Промоција на матрицата за мониторинг на перформансите во македонското правосудство

ВОЕДНАЧЕНОСТА НА СУДСКАТА ПРАКСА КАКО ПРЕДИЗВИК: Мора да се промени начинот на правното и судиското размислување

ЦПИА подготви видеа за судската пракса, за споровите од мала вредност и за Матрицата за мониторинг на судството

Подобрување на квалитетот на правдата во Македонија преку градење на капацитети на судии и мониторирање на судските реформи

Судската пракса – обврзувачко, но занемарено правно сфаќање и извор на судското правo

Унифицирање на судската пракса за нејзина посилна улога во правниот систем

М.В