/ Прочитано:

855

Презентирана првата функционална анализа на Министерството за правда

Денес во просториите на Министерството за правда се одржа настан на кој беше презентирана првата функционална анализа на Министерството. Со неа и со функционалните анализи на 27-те основни судови, чија подготовка е во тек, ќе се заокружи процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.

„Како Министерство за правда сметавме дека е повеќе од нужно да имаме ваква анализа, која ќе биде темел за сите идни реформски чекори што ќе ги правиме во насока на модернизација на Министерството за правда, но и на правосудството воопшто”, рече министерот Маричиќ.

 

Според министерот, ова е документ кој дава еден целосен и сеопфатен приказ на сите надлежности на Министерството и е во насока на целта за која се работи – креирање ефикасна и транспарентна институција во служба  на граѓаните.

Функционалната анализа на Министерството за правда е поддржана од Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија, а спроведена од Центарот за правни истражувања и анализи.

M.В