/ Прочитано:

1.221

Презентирани новините во Законот за земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска ги презентираше дел од предностите што им следуваат на земјоделците со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги изгласа минатата недела.

Со измените се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства. Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.

„Со овој пакет на измени донесовме многу развојни мерки, нови политики и решавање на проблеми во интерес на земјоделците. Се стимулираат младите во државата да се занимаваат со земјоделство, создаваме поволни услови за нивна поголема вклученост во земјоделството и за започнување сопствен бизнис во агросекторот. Овозможуваме правилна распределба на земјоделското земјиште и го враќаме на вистинските земјоделци“, истакна Димковски.

Со новиот Закон за земјоделско земјиште се овозможува еднаков третман на сите што сакаат да закупат државно земјоделско земјиште. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 хектари ќе имаат право на учество на оглас и на проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За првпат се овозможува измена на бизнис-планот, како и промена на земјоделската култура.

Во подготовка измени на повеќе закони од областа на земјоделството поради усогласување со Законот за прекршоците

Измените на Законот за земјоделското земјиште пред матичната собраниска комисија

Законски измени за поголема правна сигурност на учесниците во постапките за закуп на земјоделско земјиште

Во подготовка измени на Законот за земјоделското земјиште

М.В