/ Прочитано:

1.159

Придобивките од емпатското лидерство – можност за развој на личниот и професионалниот живот

Според британскиот адвокат Џејмс Переира, за една фирма да продолжи да биде успешна, императив треба да биде напредокот на лидерството и нејзиното менаџирање. Со тоа ќе се обезбеди благосостојба во работењето и вработените ќе се чувствуваат поблиски меѓу себе, што ја прави фирмата успешна, отворена и профитабилна. Во спротивно, ако луѓето немаат мотив, ако не се добро расположени, секако не можат да се надеваат на добри резултати.

Популарниот генератор на вести од правната проблематика „top-lawyerfirm“, пред неколку дена, објави заеднички текст од адвокатот Џејмс Переира, кој од 1996 година се занимава со јавното право, локалната самоуправа, планирањето и европското право и од психологот и терапевт Зита Тулијахикајо, каде што двајцата од две перспективи ги објаснуваат начинот на живот на адвокатите и лидерството.

Западната култура најчесто се гледа како култура на напредна цивилизација, и покрај фактот дека голем дел од сегашниот начин на живот во општествено-политичкото окружување се карактеризира со недостаток на учтивост.  Форсирањето на брзиот начин на живот, себичноста на луѓето и материјализирањето се прикажуваат како прифатлив модел на однесување.

Како резултат на тоа, многу често се губи поимот на вистинското лидерство и доброто менаџирање. Таа негативна фрустрација се пренесува и во приватниот живот на луѓето, на штета на колективната благосостојба, особено на оние што водат брз начин на живот.

Според авторите на текстот, менталното здравје е на врвот на нашата културна и општествена агенда, а исто така, вистина е и дека кај луѓето со ментални здравствени проблеми недостига чувството на емпатија и сочувство и срам спрема другите.

Што се однесува до лидерството, постојат истражувања во кои се укажува дека луѓето и вработените сакаат нивните лидери да поседуваат доза на емпатија и да бидат внимателни во своето однесување на работното место. Како што компаниите бараат да се зајакне нивото на организација, така и вработените сакаат да имаат придобивки, преку кои стануваат поприврзани за компанијата.

Според адвокатот Переира, за една фирма да продолжи да биде успешна, императив треба да биде напредокот на лидерството и нејзиното менаџирање. Со тоа ќе се обезбеди благосостојба во работењето и вработените ќе се чувствуваат поблиски меѓу себе, што ја прави фирмата успешна, отворена и профитабилна. Во спротивно, ако луѓето немаат мотив, ако не се добро расположени, секако не можат да се надеваат на добри резултати.

Емпатското лидерство е важно од холистички аспект (стремеж кон развој на личноста во целина), чиј суштински дел е човекот како живо битие. Без основните вредности и принципи, општеството ќе биде опкружено со психопати и социопати.

Поврзувајќи ги суштинските работи од професионален, психолошки и личен аспект, водењето балансиран живот е од витално значење. Тоа е неопходност при создавањето работни средини каде што таквите вештини ќе бидат ценети и унапредени, во смисла на остварување на нивниот целосен потенцијал.

С. М.