Прифатен Годишниот извештај за еднакви можности на жените и мажите
Владата го разгледа и го прифати Годишниот извештај за преземените активности и постигнатиот напредок за воспоставување еднакви можности на жените и мажите во Република Македонија за 2017 година.
Дел од препораките што произлегуваат од извештајот за 2019 година се да се обезбедат:
Достапни и квалитетни услуги во поглед на сексуалното и репродуктивно здравје;
Продолжување и финализирање на процесот на грижа за децата и пренесување на товарот од жените кон општеството преку зголемување на капацитетите и обезбедување на различни форми на згрижување на децата;
Воведување на мерки за балансирање на работата и семејството;
Зголемување на стапката на учество на жените на пазарот на труд и воведување на специјални мерки за економско јакнење на жените и руралните жени.