Прифатена гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра
Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ излегува од притвор. Кривичниот совет на Апелацискиот суд одлучил да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи остануваат во судот, каде ќе треба редовно да се пријавува.
Пред Нова година на слобода излезе и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој исто како и Камчев беше во притвор за случајот „Плацеви на Водно”.
Првообвинет во случајот „Плацеви на Водно“ е поранешниот премиер Никола Груевски, кој се гони дека присвоил 1,3 милиони евра од партиски донации со кои се купувани плацеви на Водно.
Јовески: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков
Укинат притворот за Сашо Мијалков и во предметот „Плацеви на Водно“
Повторно определен притвор за Мијалков за предметот „Плацеви на Водно“
Обвинителството бара нов притвор за Мијалков
Прифатена гаранцијата од над 11 милиони евра за Сашо Мијалков