Пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот, 2021 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во 2021 година, во споредба со 2020 година, е намален за 10.7 %.
Во 2021 година, во споредба со 2020 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 20.2 %, а бројот на обвинетите лица е зголемен за 23.2 %.
Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2021 година, во споредба со 2020 година, е намален за 3.4 %.
Во 2021 година, во споредба со 2020 година, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за 9.1 %.
Целосниот текст на соопштението може да го видите тука.