/ Прочитано:

6.198

Примопредавање на должноста директор на УЈП: „Да се биде директор на УЈП е предизвик за секој даночник“

По повод примопредавањето на должноста, денеска беше остварена средба помеѓу новата директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и досегашната, Анастасија Илиеска.

На средбата, меѓу другото, се разговараше за тековните проблеми, предизвици на даночната администрација, модернизацијата и даночните реформи.

„Да се биде директор на УЈП е предизвик за секој даночник. Покрај моето долгогодишно искуство во УЈП, да се биде на функцијата прв даночник и да се управува со даночната администрација е голема одговорност, особено ако се земе предвид дека станува збор за институција која истовремено треба да обезбеди праведно и ефикасно собирање на даноците, но и да го сервисира стопанството и да обезбеди висок квалитет на услуги за сите граѓани. Она што би сакала да го потенцирам е дека моето дејствување и посветеност ќе бидат во насока на понатамошно остварување на мисијата и визијата на Управата, но и кон нов квалитет на даночните реформи засновани врз зголемување на транспарентноста, активна и неселективна борба против неплаќачите на данок, поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на даноците и секако, грижа за моите колеги, односно унапредување на професијата даночник“, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

М.В