/ Прочитано:

754

ПРИСЛУШУВАЊЕ ВО ЈОРМ: Обвинителството ќе ја проверува и тендерската документација за набавка на опремата

Јавното обвинителство објави официјално соопштение во врска со сниманата телефонска линија во Обвинителството.

„Основното јавно обвинителство Скопје започна предистражна постапка по сознанија дека во периодот од 30.09.2016 година до денеска е снимана телефонската комуникација вршена преку фиксната телефонија во објектот на Јавното обвинителство.

Имено, по првичните сознанија, снимањето се вршело на двата хард диска на телефонската централа сместена во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.

Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци“, се вели во соопштението на ЈОРМ.

Јавното обвинителството истражува кој ја прислушувал телефонската линија во обвинителството

М.В