/ Прочитано:

2.009

Притвор и други мерки за обезбедување присуство на обвинетиот: предизвици при практичната примена

Кривичниот суд објави заклучоци од дебатната средба на тема „Притвор и други мерки за обезбедување присуство на обвинетиот: предизвици при практична примена“, во организација на Подружницата на Здружението на судии при Основниот суд Скопје 1 Скопје, во соработка со Академијата на судии и јавни обвинители и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Правото на слобода и безбедност во смисла на чл. 5 од ЕКЧП е од најголемо значење во едно демократско општество, па затоа секое лишување од слобода треба да има фактичко и правно оправдување.

1. При постапувањето по предлозите за определување, продолжување или (и) укинување на мерката притвор неопходно е континуирано да се унапредува имплементацијата на стандардите и ставовите изразени во одлуките на ЕСЧП.

2. Да продолжи трендот на подобрување на квалитетот на одлуките во правец на давање на доволно образложени и аргументирани причини засновани на конкретни фактички околности за основите за определување, продолжување или укинување на мерката притвор или други мерки за обезбедување присуство на обвинетиот.

3. Потребно е да се воспостави ефикасна и ефективна соработка со релевантните домашни органи, институции и судови во спроведување на одлуките за притвор и другите мерки за обезбедување присуство на обвинетиот.

Да се продолжи со организирање на дебатни средби во кои ќе бидат вклучени и јавното обвинителство, адвокатурата и Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП.

4. Да се поддржат едукации со учество на домашни и странски експерти во кои ќе се разгледува и анализира домашната судска пракса и праксата на ЕСЧП.

М.В